Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2018

Уругвајците први, Русија падна за 30 минути

Ургувај ја победи Русија со 3-0 во третото коло од групата А на Светското првенство и го обезбедија првото место во групата со максимален ефект.

Во 10-тата минута Суарес од слободен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Акинфеев кој не го намести најдобро живиот ѕид.
Русите се обидоа преку Черишев брзо да се вратат, но неговиот удар го одбрани Муслера. Токму Черишев во 23-тата минута стана трагичар за Русите откако шутот на Лаксалт го одби и заврши во мрежата на Акинфеев.
„Зборнаја“ влезе во уште поголеми проблеми кога Смолников беше исклучен поради вториот жолт картон кој го заработи девет минути по првиот.
Уругвајците до крајот на првото полувреме ја смирија играта, слично беше и во вториот дел. Русите се обидуваа да го намалат резултатот, но без успех, а Кавани во 90-тата минута ја потврди победата.
Египет и Саудиска Арабија играа во Волгоград. Предност на „фараоните“ им донесе Мохамед Салах кој истрча по една долга топка во средината и лесно го лобуваше голманот на Саудијците. Во 41 минута Саудиска Арабија доби пенал кој го одбрани 45 годишниот Ел Хадари, но не можеше да го одбрани и вториот пенал кој го реализираше Ал Фараџ.
Саудијците беа поопасни во вториот дел, а египетскиот голман неколку пати го спаси својот тим. Ел хадари со 45 години стана најстар фудбалер на едно Светско првенство, а стана само четвртиот дебитант кој на еден Мундијал одбранил пенал.
Египќаните до крајот имаа свои шанси, но дури во четвртата минута на судиското продолжение поставен е конечниот резултат. Гол по една добра акција постигна Ал Давасари со што Саудијците направија целосен пресврт и групната фаза ја завршија на третото место со три бода.

Најнови вести