Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2018

Ќе има казни за фудбалерите на Саудиска Арабија

Репрезентацијата на Саудиска Арабија доживеа катастрофа на првиот натпревар на Светското првенство. Таа беше поразена со 5-0 од домаќинот Русија.

Ваквиот убедлив пораз им е најтежок на Саудијците во последните шест години. Претходниот пат со разлика од пет гола изгубија на седми септември 2012 година во пријателскиот натпревар против Шпанија (5-0).
Разгледувајќи ги натпреварите уште подалеку во минатото, на 17-ти јануари 2001 година Саудијците во квалификациите за Првенството на Азија изгубија на гостувањето кај Јапонија, исто така со 5-0.
Лут поради дебаклот, Адел Изат, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија, пред новинарите изјави дека некои играчи ќе бидат казнети поради тоа што не се залагале доволно
„Овој пораз нè вознемири сите нас. Не очекувавме дека вака ќе стартуваме на Мундијалот. Имавме одлични подготовки. Играчите пред да дојдат во Русија добија премии за пласманот. Овој пат казна ќе добијат голманот Абдулах Ал-Мајуф, напаѓачот Мохамед Ал-Сахлави и дефанзивниот играч Омар Хавсави“, изјави Адел Изат.

Најнови вести