Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2013

Винсент Тан го презема ФК Сараево

Управниот одбор на фудбалскиот клуб Сараево е при крај со преговорите со малезискиот милијардер Винсент Тан околу преземањето на клубот.

Како што изјави за сараевската агенција „Фена“ потпретседателот на клубот Едис Кустурица, управниот одбор на Сараево во последните шест месеци целосно се посветил на исполнување на условите на Тан, а тој веќе префрлил дел од средствата за рехабилитација на клубот.
„Со задоволство можам да речам дека сите документи се потпишани и дека Тан веќе ни префрли дел од средствата. Моментно не можам да кажам за колкав износ се работи бидејќи имаме потпишано договор за доверливост. Другиот дел од трансферот е во тек и би требало денес да се заврши. Дојдовме до крајот на важна работа, постапка која траеше шест месеци, а која на фудбалскиот клуб Сараево му ветува светла иднина“, изјави Кустурица.
Тан ќе добие целосна контрола над клубот во смисла на управувачки и гласачки права, но Кустурица верува дека сите одлуки во клубот ќе бидат донесени со консензус.
Според зборовите на Кустурица, врв на проектот би требало да биде основање академија на фудбалскиот клуб Сараево за млади играчи. Тан е сопственик и на англискиот Кардиф, со кого Сараево, исто така, склучи договори за размена на играчи и стручни лица.

Најнови вести