Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2016

Дерби го суспендира менаџерот

Фудбалскиот клуб Дерби каунти го суспендира својот менаџер Најџел Пирсон и тој нема да го води тимот на натпреварот од десеттото коло на Шампионат лигата со Кардиф.

Пирсон е суспендиран поради своето однесување, а клубот покрена истрага и се очекува дека нема да се врати на клупата на Дерби.
Дерби во последните шест натпревари е без победа и се наоѓа на 22-рото место во конкуренција од 24 клуба и има само шест освоени бода и три постигнати гола. 
Во отсуство на Пирсон, Крис Пауел ќе го води Дерби во Велс.
Пирсон во текот на летото го презеде Дерби, а оттогаш неговиот клуб забележа само една победа на девет натпревари оваа сезона.
Некогашниот менаџер на Лестер отворено ги критикуваше своите играчи по поразот од Блекбурн роверс на домашен терен, истакнувајќи дека биле парализирани од страв. Се верува дека тоа е една од причините поради кои е суспендиран.

Најнови вести