Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2014

Естебан Камбијасо го засили Лестер

Новиот премиерлигаш Лестер доведе големо засилување, стигна искусниот играч за врска Естебан Камбијасо.

Лестер вчера објави дека со Камбијасо потпишал едногодишен договор.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на Интер стана слободен играч по десетгодишниот престој на „Сан Сиро“.
Најџел Пирсон, менаџерот на Лестер, изјави дека е задоволен со новото засилување.
„Беше неверојатно тешко да се комплетираат преговорите“, изјави Присон.
Камбијасо беше поврзуван со Вест хем и Тотенхем, но на крајот го избра Лестер, за кого би можело да дебитира во недела против Арсенал.

Најнови вести