Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2015

Најџел Пирсон сепак не е отпуштен од Лестер

Англискиот фудбалски премиерлигаш Лестер соопшти дека не го отпуштил тренерот Најџел Пирсон поради лошите резултати и неговоро однесување.

Лестер по 24 кола, се наоѓа на последното место на табелата со 17 бодови, а Пирсон наводно бил отпуштен по поразот на неговата екипа од Кристал палас.
Пирсон, кој е тренер на Лестер од 2011 година, бил повикан на состанок со сопствениците на клубот еден ден по натпреварот со Кристал палас,во кого го фати за врат противничкиот играч Џејмс Мекартур.
Мекартур случајно се судри со Пирсон, по што тренерот на Лестер го фати за врат шкотскиот играч за врска додека тој лежеше на земја, а го држеше за јаката и откако станале.
Како што пренесоа британските медиуми, судирот со Мекарти и лошите резултати ги навеле тајландските сопственици на клубот да го отпуштат Пирсон.
Но, пресвртот се случил малку повеќе од 12 часа подоцна, кога последнопласираниот тим на табелата на Премиер лигата издал соопштение во кое се наведува дека Пирсон останува менаџер.
„Спротивно од медиумските шпекулации, Најџел Пирсон останува менаџер на првиот тим. Наводите се контрадикторни и неточни, без правна основа. Најџел, неговиот стручен штаб и целиот тим целосно се сконцентрирани на утрешниот натпревар со Арсенал, како и на нашиот обид да се обидеме да осигуриме опстанок во Премиер лигата“, стои во соопштението на Лестер.
Најџел Пирсон пред два месеци беше суспендиран на еден натпревар и беше казнет со десет илјади фунти поради пцуење на навивачите на својот клуб.

Најнови вести