Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2018

Кристал палас го доведе поранешниот голман на Ливерпул

Екипата на Кристал палас доведе ново засилување, станува збор за некогашниот голман на Ливерпул, Диего Кавалиери.

Овој 35-годишен голман доаѓа од Флуминенсе, за кого бранеше на 204 натпревари во Лигата, потпиша четиримесечен договор, односно до крајот на оваа сезона.
Покрај тоа, има можност Кавалиери да го продолжи договорот со Кристал палас на уште една година.
Рој Хоџсон инсистираше тој да биде доведе, му треба голман имајќи предвид дека Сперони се повреди и дека нема брзо да се врати.
Вејн Хенеси бранеше против Тотенхем претходната недела, беше феноменален, но претходно доби доста критики од навивачите на Кристал палас.
Кавалиери две години беше член на Ливерпул, но никогаш не настапи во Премиер лигата.

Најнови вести