Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2014

Замора го врати Квинс парк ренџерс во Премиер лигата

Фудбалерите на Квинс парк ренџерс само по една година се вратија во Премиер лигата, откако го поразија Дерби каунти во финалето на плејофот со минимален резултат.

Успехот на „полицајците“ добива уште поголема тежина поради тоа што последниот половина час играа без играчот за врска Гери О’ Нил, кој заработи директен црвен картон.
Боби Замора го искористи киксот на одбраната на „овните“ во 90-тата минута и го воведе својот тим во Премиер лигата.
Јунакот на победата, кој своите три последни погодоци ги постигна во 90-тата минута, во 57-мата минута го замени Крис Дојл, а неговиот удар во последната минута од регуларниот тек на натпреварот беше прв на Квинс парк ренџерс во рамките на голот.
Освен промоција, тимот на Хари Реднап обезбеди и профит од околу 80 милиони фунти за наредната сезона од маркетинг и од ТВ-правата.
Претходно, од Шампионат лигата во Премиер лигата пласман обезбедија Лестер и Барнли, додека од најсилното натпреварување во понизок ранг се преселија Кардиф, Фулам и Норвич.

Најнови вести