Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2015

Шервуд ќе го преземе Квинс парк ренџерс

Англискиот фудбалски клуб Квинс парк ренџерс за нов тренер ќе го постави Тим Шервуд, пренесоа британските медиуми.

Според пипувањата, клубот од Лондон најдоцна за 48 часа ќе потврди дека Шервуд е нов тренер на екипата.
Хари Реднап, досегашниот тренер на Квинс парк ренџерс, поднесе оставка минатиот вторник, еден ден по завршувањето на преодниот рок. Реднап наведе дека клубот го напуштил од здравствени причини, бидејќи морал да оди на операција на коленото, а медиумите шпекулираат дека си заминал поради несогласувања со управата на клубот околу трансферите.
Освен Шервуд, кандидати за нов тренер на Квинс парк ренџерс беа Стив Мекларен од Дерби каунти и Пол Клемент, помошниот тренер на Реал Мадрид.
Четириесет и шестгодишниот Шервуд во декември 2013 година на клупата на Тотенхем го замени Андре Вилаш-Боаш, а беше отпуштен во август минатата година.
По 24 натпревари во Премиер лигата, Квинс парк ренџерс се наоѓа на претпоследното место на табелата со 19 бодови и има два бода помалку од Барнли, кој се наоѓа во зоната за испаѓање.

Најнови вести