03.11.2015 Гард нов менаџер на Астон вила
Францускиот фудбалски стручњак Реми Гард е назначен за нов менаџер на Астон вила, соопшти премиерлигашот.
Договорот е потпишан до јуни 2019 година, а на клупата на клубот од Бирмингем четириесет и деветгодишниот Французин ќе го замени Тим Шервуд кој беше отпуштен минатата седмица поради лоши резултати.
Гард во тренерската кариера претходно го водеше само Олимпик Лион, а последно работно место му беше на француската телевизија Канал плус како консултант.
Астон вила во моментов е последна на табелата на Премиер лигата со само четири бодови по 11 одиграни натпревари.