08.12.2015 Влар до крајот на сезоната ќе игра за АЗ Алкмар
Холандскиот фудбалер Рон Влар потпиша договор со АЗ Алкмар до крајот на оваа сезона, потврдено е на интернет страницата на клубот.
Дефанзивниот фудбалер во последно време ја одржува својата форма со матичниот клуб АЗ Алкмар и на крајот одлучи да се врати во редовите на холандскиот клуб.
„Многу сме задоволни со доаѓањето на Влар. Тој ќе даде голем квалитет во клубот и ќе влее самодоверба кај останатите играчи“, изјави Макс Хубертс.
Влар ова лето ја напушти Астон вила каде беше капитен, а во клубот беше три години,но потоа направи пауза поради операција на коленото.
Играше уште и за Феенорд, додека пак за репрезентацијата на Холандија одигра 31 натпревар и постигна еден гол.