Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2016

Мурињо: Победија, а се трудеа да не изгубат

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека подобриот тим изгубил во првото коло на Лигата на Европа.

Фудбалерите на Јунајтед доживеаја пораз од Феенорд на премиерата во овогодишната Лига на Европа, откако Холанѓаните на свој терен славеа со 1-0.
„Црвените ѓаволи“ на најлош можен начин го почнаа настапот во натпреварувањето во кое се главни фаворити за титулата, забележувајќи го вториот пораз во неколку дена, по оној во градското дерби од Сити минатиот викенд.
„Секако дека не сум среќен. Го изгубивме натпреварот во моментот кога не го заслуживме тоа“, изјави Мурињо.
„Вториот дел беше подобар од првиот. Во второто полувреме натпреварот беше изедначен. Имавме целосна контрола, се обидувавме да победиме, а тие се обидуваа да не изгубат. Двократна несреќа бидејќи беше очигледно дека беше офсајд“, додаде менаџерот на Јунајтед.
Португалецот коментираше за притисокот што го чувствуваат неговите играчи.
„Ќе бидеме тим кој сите ќе сакаат да го победат во Лигата на Европа. Не сакам да зборувам лично за играчите, очигледно е дека некои се подобри од другите. Некои играа вистински натпревар“, изјави Мурињо.

Најнови вести