Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2017

Џон Тери официјално во Астон вила

Долгогодишниот капитен на Челзи, Џон Тери, официјално стана нов фудбалер на англискиот второлигаш Астон вила.

Трансферот официјално го потврди претседателот на клубот Тони Сија кој најави и официјална потврда од клубот од Бирмингем.
Тери на крајот на сезонава го напушти Челзи по 22 години на „Стемфорд бриџ“ каде освои 16 трофеи и постигна 66 голови на 713 натпревари.
Со „сините“ освои четири титули во Премиер лигата и стана прв капитен кој го подигна трофејот во Лигата на шампионите, а ја освои и Лигата на Европа.
Доста се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата затоа што не сакаше да ја напушти Англија, но ни да игра против Челзи, па затоа наместо Премиер лигата го одбра англискиот Шампионат.
Англиските медиуми најавуваат дека ќе потпише договор на една сезона за околу три милиони фунти, со бонус од четири милиони доколку Астон вила се пласира во Премиер лигата.
Интересно е што тој од Челзи преминува во потрофеен клуб, Астон вила има една англиска шампионска титула повеќе, седум, од шесте на Челзи.

 

Најнови вести