Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2014

Варгас во Квинс парк ренџерс

Иако се шпекулираше дека ќе потпише за Арсенал, Едуардо Варгас стана нов фудбалер на Квинс парк ренџерс.

Варгас игра на позицијата напаѓач, во новиот клуб ќе му се придружи на Маурисио Исла, а на дресот ќе го носи бројот 24.
Чилеанскиот фудбалер во клубот доаѓа на едногодишен заем од италијанскиот Наполи.
„Дојдов овде да дадам сè што можам за Квинс парк ренџерс во Премиер лигата. Многу разговарав со Маурисио и тој ми рече дека сè е одлично, дека атмосферата за работа е релаксирана и дека тимот е одличен. Премиер лигата е најдобра и највозбудлива на светот и јас се радувам што ќе играм тука“, изјави Варгас.

Најнови вести