25.6.2015 Чиле го совлада Уругвај, Јужна Америка ќе добие нов шампион
На десет минути пред крајот на натпреварот, со голот на Маурисио Исла, Чиле го совлада Уругвај со 1-0 и обезбеди пласман во полуфиналето на Копа Америка.
Во натпреварот меѓу Чиле и Уругвај, во второто полувреме подобри беа Чилеанците, кои имаа иницијатива и во текот на целиот натпревар, но кога останаа со фудбалер повеќе, победија.
Во 63-тата минута од средбата, Кавани беше испровоциран од Хара со неспортски потег, а Уругваецот одговори на провокацијата и го удри противничкиот фудбалер, поради што доби втор жолт картон и ја напушти играта, но се чини дека и двајцата играчи требаше да бидат исклучени.
Пред крајот на натпреварот, домаќинот играше и со два фудбалери повеќе, откако во 88-та минута престрого беше исклучен Фусиле.
Чиле се пласира во полуфиналето на Копа Америка каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Боливија и Перу и има големи шанси да се бори за шампионскиот трофеј.