Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2018

ФИФА истражува зошто стадионот во Екатеринбург не беше полн

Повеќе од пет илјади места останаа непополнети на вчерашниот натпревар меѓу Уругвај и Египет на Светското првенство во Русија.

Иако стадионот во Екатеринбург беше распродаден, не беше пополнет, а Светската фудбалска федерација соопшти дека ќе истражи зошто се случило тоа.
Како можна причина за тоа е наведено дека навивачите коишто ги имале влезниците не се појавиле. ФИФА наведе дека се продадени 32.278 влезници за натпреварот чиј капацитет е 33.061 место. Натпреварот во којшто Уругвај со голот во 90-тата минута го победи Египет го гледаа 27.015 луѓе.

Најнови вести