Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2018

Купер веќе не е селектор на Египет

Ектор Купер е првиот селектор кој остана без работа на Светското првенство во Русија.

Египет ги заврши натпреварите во групната фаза без освоен бод, а аргентинскиот стручњак Ектор Купер доби отказ ден по елиминацијата, иако имаше договор до средината на јули. 
Египетската фудбалска федерација не сакаше да чека да истече договорот.
„Имавме состанок по враќањето од Русија и сите во Федерацијата се сложија дека е време да му се заблагодариме на Купер и на неговите помошници. Го цениме целиот труд кој го вложија и сè што постигнавме заедно – Купот на африканските нации по три години и пласман на Светско првенство по 28 години“, се вели во соопштението.

Најнови вести