Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2018

На Египет му олесни, Салах објави: Во Русија ќе ве направам горди

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах верува дека ќе игра на Светското првенство во Русија, иако првите прогнози не ветуваа дека ќе закрепне.

Најдобриот играч во Англија се повреди во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, во дуелот со Серхио Рамос на средината на првото полувреме, кога го повреди рамото.
Тој мораше да оди надвор од игра уште во 30-тата минута од натпреварот, Ливерпул подоцна изгуби со 3-1, а судбината на Салах за настапот на Мундијалот остана под знак прашалник.
„Ноќта беше тешка, но јас сум борец. И покрај сите прогнози, сигурен сум дека ќе бидам во Русија и сите ќе ве направам горди. Вашата љубов и поддршката ми ја даваат целата сила што ми е потребна“, изјави Салах на социјалните мрежи.
Судејќи според сè, не доживеал тешка повреда на раменото и можеби ќе биде подготвен да настапи за Египет во Русија. Селекцијата на Салах првиот натпревар го игра на 15-ти јуни против Уругвај, а во групата се уште Саудиска Арабија и домаќинот Русија.

 

Најнови вести