Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2018

Салах демантира: Сите сме сложни во Египет

Репрезентацијата на Египет изгуби со 3-1 од селекцијата на Русија во вторникот во Калининград, а потоа се јавија шпекулации во медиумите дека соблекувалната на „фараоните“ е поделена на два дела, но тоа го демантираше најдобриот играч на северноафриканската селекција на својот профил на „Твитер“.

Салах изјави дека нема никакви проблеми со атмосферата во репрезентацијата на Египет откако таа селекција ги изгуби шансите да се пласира во нокаут-фазата на турнирот.
Напаѓачот на Ливерпул на социјалните мрежи беше недвосмислен.
„Сите во Египет се дружиме заедно и не постои апсолутно никаков судир меѓу нас. Се почитуваме едни со други и нашите односи се најдобри“, изјави најдобриот играч на Премиер лигата во сезоната 2017/18.
Египет ќе го заврши настапот на Мундијалот со натпреварот против Саудиска Арабија во понеделник.

Најнови вести