Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2018

Американците ги потопија Европјаните во пријателските натпревари

Репрезентациите од Европа на пријателските натпревари кои ги одиграа против селекциите од американскиот континент како подготовка за Светското првенство имаа многу лош настап.

Во вчерашниот натпревар Италијанците беа поразени од Аргентина со 2-0, Уругвајците со тој резултат ја совладаа Чешка, Французите загубија со 2-3 од Колумбија, Хрватите беа совладани со 2-0 од Перу, додека руските репрезентативци беа поразени од Бразил со 3-0.
Хрватите одиграа многу лош натпревар против Перу и беа поразени со 2-0, а головите за репрезентацијата од Јужна Америка ги постигнаа Карилјо во 12-тата и Флорес во 48-мата минута.
Исто така, лош настап имаа и репрезентативците на Исланд и на Шкотска. Исланѓаните беа поразени со 0-3 од Мексико, а Шкотланѓаните загубија со 0-1 од селекцијата на Костарика.

Најнови вести