Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2018

Фаик Весели обезбеди медал на Младинските олимписки игри, ќе бие битка за злато

Каратистот Фаик Весели вечерва ќе бие битка за финале против Јапонецот Масаки Јамаока

Фаик Весели обезбеди најмалку бронзен медал на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, а вечерва ќе бие битка и за финале против јапонскиот каратист Масаки Јамаока.

Каратето за првпат е на листата на спортови на МОИ, а Весели лошиот старт го претвори во успех. Во првата борба загуби со 0:4 од Ал Асири од Саудиска Арабија, но потоа со две победи си обезбеди полуфинале. Со 1:0 го победи Абдалах Хамад од Јордан, а потоа го декласира Родриго Тељо од Аргентина со 6:0.

Ова е прв медал за Македонија на игрите во Буенос Аирес.

Најнови вести