27.3.2018 Уругвај подобар од Велс во финалето на Купот на Кина
Фудбалската репрезентација на Уругвај го освои Купот на Кина откако во финалето во Нанџинг го победи Велс со 1-0.
Единствениот гол за Уругвај го постигна Единсон Кавани во 49-тата минута.
Двете екипи во првото полувреме имаа неколку шанси, а најдобри Уругвај, кога Луис Суарес во два наврата ја погоди стативата. Уругвај се засили во вториот дел од натпреварот, а Кавани ја искористи шансата за водство, односно за единствениот гол на натпреварот.
Третото место на турнирот го освои Чешка, со победата против Кина со 4-1.
Головите за Чешка ги постигнаа Томаш Калас во 58-мата, Патрик Шик во 59-тата, Михаел Крменчик во 62-рата и Павел Кадержабек во 78-мата минута. Единствениот погодок за домаќинот го постигна Фан Сјадонг во петтата минута.