Корисничко име Лозинка Пријави се
08.9.2018

Третолигашите можат да здивнат, Данците го прекинаа штрајкот

Данските репрезентативци го прекинаа штрајкот и постигнаа договор со фудбалската федерација, па ќе настапат против Велс, утре во Архус

Данците сепак го надминаа недоразбирањето на релација репрезентативци – федерација и ќе играат во комплетен и најсилен состав, утре против Велс во првиот меч за нив во Лигата на Нации.
Претходно, поради неисполнување на договорот од страна на челниците на данската федерација, репрезентативците го бојкотираа пријателскиот меч со Словачка, па со комбинација од играчи од данските лиги беа поразени со 0:3.
Сега нисколигашите од Ванлосе, Трап... можат да здивнат, бидејќи играчи од овие анонимни клубови во шарен состав го загубија мечот со Словачка. 
Велс утре ќе го игра вториот меч во четвртата група во Б сегментот, а прв иот дуел го доби убедливо со 4:1 против Република Ирска.

 

Најнови вести