Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2017

Куп на Конфедерации: Видео-технологијата на дело, трите бода за Чиле

На третиот дуел од Купот на конфедерациите во Русија Чиле го совлада Камерун со 2-0.

Шампионот на Јужна Америка во првото полувреме преку Едуардо Варгас постигна гол, кој по консултација на видео снимката беше поништен.
Со тоа се повтори идентична ситуација од претходниот натпревар меѓу Португалија и Мексико.
Сепак, во второто полувреме Чиле постигна два гола и успеа да ја победи најдобрата африканска репрезентација.
Двата гола беа постигнати во финишот - прво во 82-ата минута стрелец беше Артуро Видал, а во последната минута победата ја обезбеди Варгас.
Во вториот натпревар од групата Б денес се среќаваат Австралија и Германија.
Во првите натпревари од групата А, Русија го совлада Нов Зеланд со 2-0, а Португалија и Мексико одиграа возбудлив натпревар  кој заврши 2-2 со гол на Мексиканците во судиското продолжување.

Најнови вести