Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Ето ќе донира куќа за легенда на Камерун

Некогашниот голгетер на Барселона, Интер и Челзи вети дека ќе го тргне од улицата некогашниот камерунски капитен Норберт Овони

Поранешниот напаѓач на европските гиганти Барселона, Интер и Челзи, Самуел Ето, во текот на својата играчка кариера покажа многу мајсторски потези на кои се воодушевуваа фановите низ целиот свет. Ето дефинитивно има покажано дека е голем фудбалер, но сега докажа дека се работи и за голем човек. 
Ето ветил дека ќе купи куќа на некогашниот капитен на камерунската репрезентација, Норберт Овони. Тоа е играч кој беше лидер на тимот во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, но сега е бескуќник и тоа откако го снашла тешка и страшна судбина. 
Овони моментно живее како бескуќник на улиците на градот Дуале, каде во минатото играше за тимот на Унион Дуале. Причина поради која останал без пари и без кров на главата е затоа што Овони целата заштеда ја потрошил на лечење на сопругата и децата од рак. 
Поради лошата ситуација во која се наоѓа, Овони се разболел и завршил во болница. Таму го посетил Ето и веднаш дал ветување дека ќе му купи куќа на Овони, за да не живее повеќе на улицата. Ето веднаш му дал околу 700 фунти на Овони, за да може да биде платено лекувањето во болницата. 
Пред да заврши во болница, Овони барал помош од министерството во Камерун, жалејќи се дека живее како животно и дека никој не смее да има таков третман. Од државните институции одбиле било каква помош за Овони, но тогаш се појави Ето. 

 

Најнови вести