Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2014

Сколари: Спектакуларна одбрана

Луис Фелипе Сколари, селекторот на Бразил, ја пофали спектакуларната одбрана по победата над Камерун.

Бразил со 4-1 ги надигра „нескротливите лавови“ и на деветто Светско првенство во низа како првопласиран се пласира во осминафиналето.
„Можевме да постигнеме седум или осум голови, но и да примиме уште неколку. Повторно напредувавме, во следниот натпревар уште повеќе“, изјави Сколари.
Иако Бразил на крајот беше убедлив, Камерун во првото полувреме му создаде доста проблеми на домаќинот, изедначувајќи го резултатот на 1-1.
„Ниту еден момент не се плашев за нашата одбрана, одиграа спектакуларно, но нормално е да бидат надиграни, како и секоја друга одбрана. Давид Луиз е еден од најважните играчи во тимот“, изјави Сколари.
Бразил во осминафиналето ќе игра со јужноамериканскиот ривал Чиле.

Најнови вести