Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2013

Претседателот на Камерун го врати Ето во репрезентацијата

Самуел Ето, еден од најдобрите камерунски фудбалери на сите времиња, повторно ќе игра за репрезентацијата, поради претседателот на својата земја.

Ето на почетокот на септември најави повлекување од селекцијата на Камерун поради конфликти со селекторот Фолкер Финке, но сепак одлучи да им помогне на „лавовите“ во баражот за Мундијалот.
„Тоа е желба на личноста број еден во Камерун, да се вратам во репрезентацијата, и треба да направиме сè и да работиме напорно за да се квалификува Камерун на Светското првенство“, изјави Ето.
Ето за репрезентацијата на Камерун одигра 114 натпревари, постигна 56 голови и три пати учествуваше на Светското првенство – 1998, 2002 и 2010 година.
Освои и златен медал на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, а двапати славеше на Африканскиот куп на нациите (2000 и 2002 година).
Камерун на 13-ти октомври и 17-ти ноември ќе игра двомеч со Тунис за пласман на Мундијалот во Бразил.

Најнови вести