Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2014

Вест хем преговара со Ето

Ветеранот Самуел Ето следната сезона би можело да игра во Премиер лигата, откако за него покажа интерес Вест хем од Лондон.

Ето минатото лето стигна во Лондон и одигра 12 натпревари за Челзи, постигнувајќи шест голови, од кои четири во Премиер лигата.
Камерунскиот ветеран го напушти „Стемфорд бриџ“, се шпекулираше дека го сакаат Арсенал и Квинс парк ренџерс, но и некои клубови од Серија А.
Но, повредата на Енди Керол, која Вест хем го остави четири месеци без напаѓач, ги поттикна преговорите меѓу „чеканите“ и Ето.
Камерунецот има 33 години, во кариерата играше за: Леганес, Реал Мадрид, Еспањол, Мајорка, Барселона, Интер и Анжи, а вкупно постигна 303 голови и 77 асистенции на 608 натпревари.

Најнови вести