Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

„Роки Балбоа“ на испит против „чеканите“

Ливерпул и Вест Хем од 14.30 часот ја отвораат денешната програма во Премиерлигата

Кај домашните, неизвесен е настапот на приновата Фабињо, кој има повреда на мускулот и не е фит, а сигурно ќе го нема Дејан Ловрен, кој штотуку заврши со одморот после играњето финале на СП. Тренерот Јирген Клоп, неодамна изјави дека Ливерпул не е фаворит, туку предизвикувач, нешто слично како во филмот „Роки“, кога боксерот Роки Балбоа се бореше со шампионот Иван Драго (во случајов, Иван Драго е Манчестер сити). Ливерпул речиси 30 години ја чека титулата во Англија, и повеќе успеси има на меѓународна сцена. 
Вест Хем со тренерот Мануел Пелегрини, многу го смени составот. Донесени се девет нови играчи, од голманот Лукаш Фабијански, преку Рајан Фредерикс, Иса Диоп, Џек Вилшир, до напаѓачите Андриј Јармоленко и Фелипе Андерсон, за кои се очекува да бидат стартери. 
Дури 71 отсто од анкетираните навивачи мислат дека Ливерпул ќе победи, а најпредвидуваниот резултат е 3:1. На потег се Мохамед Салах и другарите, кои треба да ја оправдаат довербата. 

 

Најнови вести