Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2018

Манчестер јунајтед заинтересиран за Арнаутовиќ

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед е заинтересиран за напаѓачот на Вест хем, Австриецот Марко Арнаутовиќ.

Англискиот „Скај“ наведе дека Вест хем нема намера да го продаде дваесет и деветгодишниот напаѓач, а го процени на 50 милиони фунти.
Австрискиот фудбалер минатото лето од Стоук направи трансфер кај „чеканите“ за 24 милиони фунти, а оваа сезона постигна 11 голови и имаше шест асистенции. Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува за четири години.
Арнаутовиќ со Жозе Мурињо, тренерот на Манчестер јунајтед, работеше во 2009 година во Интер, каде што играше како играч на заем од Твенте. Тој за италијанскиот клуб тогаш одигра само три натпревари и направи трансфер во Вердер од Бремен во 2010 година.
Вест хем преговара со Џенова околу трансферот на дефанзивниот фудбалер Армандо Ицо, а заинтересиран е и за Марлон Сантос, дефанзивниот играч на Барселона.
Како што се наведува, Мануел Пелегрини, новиот тренер на Вест хем, во летниот преоден рок сака да доведе пет фудбалери.

Најнови вести