02.8.2018 Бараат засилувања преку „Твитер“, Ето сам им се понуди
Можно ли е камерунскиот голгетер повторно да бие дел од Топ 5 лигите во Европа
Фрацускиот тим на Ним ќе биде дел од најсилното француско првенство. Тимот кој успеа од втората да влезе во првата француска лига, е во потрага по нови играчи. Челниците на Ним решија да побараат засилувања и тоа преку „Твитер“ профилот, односно на социјалните мрежи.
Малку зачудувачко, ама веднаш со свој коментар се јави Самуел Ето. Некогашниот најдобар африкански играч, сега е дел од турскиот Коњаспор. Иако има 37 години, Ето не планира да се пензионира.
Една од главните причини зошто ќе продолжи да игра е фактот дека Ето е пред банкрот. Играчот кој беше дел од Барселона, Интер, Челзи... сега е без пари, па затоа е принуден уште да не се откажува.
Дури самиот Ето пишал на твитер понудата на Ним.
„Смеам ли и јас да учествувам?“, прашал Ето, по објавата на францускиот тим дека бараат нови играчи преку „Твитер“.