Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2014

Ето: Гвардиола е кукавица

Самуел Ето, напаѓачот на Челзи, го критикуваше Пеп Гвардиола, тренерот на Баерн Минхен, дека немал храброст што било да му каже во лице додека играл за Барселона.

„Гвардиола никогаш немаше храброст да ми каже нешто во лице, туку праќаше други играчи тоа да го направат. Чави ми рече дека сака да останам, но морав да разговарам со Пеп. Подоцна, кога отидов во Интер, се ракуваше со мене кога игравме против Барселона, но тоа беше само за камерите. Пред натпреварот не ме ни поздрави“, изјави Ето за британскиот „Скај спорт“.
Ето беше член на Барселона од 2004 до 2009 година, а клубот мораше да го напушти токму поради Гвардиола.
„Гвардиола никогаш не беше голем фудбалер, беше добар играч, но ништо повеќе од тоа. Тој играше на средината на теренот, а ми објаснуваше како треба да се движи напаѓач. Му реков дека не е нормален“, додаде Ето.
Камерунскиот напаѓач за пет сезони во Барселона одигра 201 натпревар и постигна 129 голови.

Најнови вести