Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2014

Ето можеби ќе биде спремен за ПСЖ

Самуел Ето, напаѓачот на Челзи, почна да тренира по закрепнувањето од повредата и би можело да заигра во реванш-натпреварот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ.

Искусниот Камерунец, кој минатиот месец наполни 33 години, последните две седмици паузираше поради повреда на задниот дел на бутниот мускул, а на тренингот првенствено се фокусирал на трчање и истегнување.
Враќањето на терен на голгетерот претставува големо охрабрување за менаџерот Жозе Мурињо пред важниот натпревар на „Стемфорд бриџ“, каде што „сините“ ќе се обидат да го надополнат заостанувањето од два гола од првата средба (3-1).
„Не тренираше со екипата во неделата, така што мора добро да размислиме, можеби ќе ризикуваме, но за да ризикувате, мора да имате минимални услови за тоа. Ако мислите дека по 10 минути ќе мора да ја напушти играта, не можете да ризикувате. Ако пронајдам оправдани причини поради кои Ето треба да игра, ќе ризикувам“, изјави Жозе Мурињо.
„Мораме да постигнуваме голови, и тоа е сè. Ако не постигнеме минимум два гола, ќе испаднеме и свесни сме за тоа. Ако може да ни бидат на располагање сите кои се спремни да постигнат гол, треба да ги искористиме“, додаде Мурињо.
Ето оваа сезона за Челзи постиган 11 голови во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, сите на домашен терен.


Најнови вести