Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2015

Ето тренираше, ситуацијата смирена

Камерунецот Самуел Ето тренираше денес, со што е завршен судирот меѓу него и Синиша Михајловиќ, тренерот на Сампдорија, пренесоа италијанските медиуми.

Михајловиќ поради првенствениот пораз од Торино (5-1) во неделата, го откажал за вчера планираниот слободен ден и од играчите побарал да тренираат два пати, наутро и попладне.
Ето по утринскиот тренинг го известил Михајловиќ дека нема да може да дојде на попладневниот поради претходно договорени обврски и по голема расправија, го напуштил клупскиот центар. Камерунскиот фудбалер не се појавил на попладневниот тренинг, пренесоа италијанските медиуми.
Поранешниот селектор на Србија изјави дека таквото однесување на Ето е недостаток на почитување, а Масимо Фереро, претседателот на Сампдорија, подоцна изјави дека Ето и Михајловиќ не се скарани.
И покрај наводите дека нема судир и дека Ето тренирал, италијанските медиуми шпекулираат дека Камерунецот сепак ќе ја напушти Сампдорија. Како две потенцијални дестинации се споменуваат САД и Кина.
Ето минатата седмица од Евертон направи трансфер во Сампдорија, а дебитираше во неделата против Торино, во последните 20 минути од средбата.

Најнови вести