20.11.2017 Алегри: Неочекувана шлаканица во лице
Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, изјави дека играта на неговиот тим била нестрплива во поразот во Џенова од Сампдорија.
„Старата дама“ беше поразена со 3-2, а успеа да го ублажи дебаклот со двата гола во продолжението на натпреварот на „Луиџи Ферарис“.
„Ова беше неочекувана шлаканица во лице. Бевме нетрпеливи, ја изгубивме смиреноста, натпреварот е долг, мораш да бидеш мирен“, изјави Алегри.
Тренерот на Јувентус го критикуваше Сами Хедира, еден од неговите најискусни играчи, поради однесувањето кај третиот гол на домаќините.
„Да не стоеше и да не му мавташе на судијата дека е офсајд, не би го примиле третиот гол. Беше како против Аталанта, штом го спуштивме темпото, трчавме ризично“, додаде Алегри.
Јувентус по 13 одиграни кола, заостанува четири бода зад лидерот на Серија А, Наполи.