Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2015

Михајловиќ: Внимателни со Ето

Синиша Михајловиќ изјави дека тој и Самуел Ето, новиот фудбалер на Сампдорија, мора да бидат внимателни за камерунскиот напаѓач да не внесе немир во тимот туку да придонесе за екипата.

„Ето е играч кој освоил сè и на Сампдорија моментно ѝ  дава големо медиумско внимание. Тој мора да биде бонус во оваа група играчи, а не да донесе непријатности“, изјави Михајловиќ.
Ето во саботата стигна во Џенова како големо засилување на Сампдорија во продолжението на сезоната.
Михајловиќ даде коментар и за односот на навивачите кон неговиот тим, коишто во некои моменти ги критикуваа играчите на клубот.
„Се надевам дека навивачите ќе препознаат сè што направија играчите досега и се надевам дека ќе продолжат во тој ритам. Многу ќе се налутам ако повторно слушнам негодување од трибините“, додаде Михајловиќ.
Сампдорија полусезоната во Серија А ја заврши со 33 бодови и е во игра за пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести