Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2016

Ето суспендиран: Можеби не ме почитуваат бидејќи сум црн

Турскиот фудбалски клуб Анталија го суспендираше Камерунецот Самуел Ето поради невкусниот коментар на „Инстаграм“, пренесува „Ројтерс“.

Како што се наведува, Управата на турскиот клуб на овој потег се одлучила откако Ето, кој во кариерата три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, два пати со Барселона и еднаш со Интер, напишал:
„Потсетник – можеби некои луѓе не чувствуваат почит кон мене бидејќи сум црн, но јас нема да се симнам од нивото на коешто сум од својата 18-та година“, напиша Ето на „Инстаграм“ со објава од Википедија за трофеите коишто ги освоил – вкупно 18 играјќи за Мајорка, Барселона, Интер и за Камерун.
Локалните медиуми наведуваат дека во прашање е директна порака кон претседателот на клубот Али Шафак Озтурк, кој не го засили доволно тимот, па Анталија по четири кола, со едно реми и три порази, се наоѓа на претпоследното место на табелата, но и дека во заднина е понудата на Бешикташ што ја доби Ето.
Тој има 35 години, а настапуваше и за: Реал Мадрид, Челзи, Евертон, Сампдорија и Анжи.

Најнови вести