Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2017

Туран давел новинар, па заврши со Турција

Арда Туран, фудбалерот на Барселона, е исфрлен од тимот на репрезентацијата на Турција по пријателскиот натпревар со Македонија.

Натпреварот заврши без голови, а Туран беше отстранет поради физички напад на новинар на аеродромот во Скопје.
Туран го обвинил новинарот дека пишувал лажни вести за него, го фатил за врат и го прашал кој го плаќа за тоа.
Новинарот Билал Меше пред неколку месеци го обвини Туран дека барал пари од Фудбалскиот сојуз на Турција за да игра за репрезентацијата на Европското првенство 2016 година.
Фудбалскиот сојуз на Турција реагирал на овој инцидент со отстранување на една од неговите најголеми ѕвезди од тимот. Туран изјави дека ја завршил репрезентативната кариера.
„Дали ја направив вистинската работа вчера? Не знам! Можеби не беше вистинско, но барем беше фер, чесно, правилно однесување. Не добив одговор. Со месеци полнеше страници, но пред мене не можеше да каже повеќе од два збора“, изјави Туран еден ден подоцна.
На Туран не му цветаат рози ниту во Барселона, во изминатата сезона одигра само 15 натпревари, па се шпекулира дека ќе го напушти „Камп ноу“.

Најнови вести