06.6.2017 Македонија одигра без голови против Турција
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во контролниот натпревар против Турција на Националната арена во Скопје.
Нашите репрезентативци постигна два гола, но беа поништени поради офсајд.
Првиот погодок го постигна Даниел Мојсов во 19-тата минута, по центаршутот на Алиоски, но судиите од Бугарија го поништија поради наводен офсајд.
Алиоски во 54-тата минута го постигна вториот погодок, но судиите повторно не го признаа поради пасивен офсајд на Пандев.
Во 88-мата минута од средбата, Иван Тричковски имаше шанса за триумф, тој се најде сам со голманот на Турција, кој беше поуспешен и не дозволи да биде поразена турската екипа.
Избраниците на Фатих Терин немаа испратено директен удар во голот на Димитриевски.
Македонија на 11-ти јуни ќе игра против Шпанија во натпреварот од шестото коло од квалификациите за Светското првенство во Русија.