Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2015

Камерунецот Ето блиску до Сампдорија

Познатиот камерунски фудбалер Самуел Ето е блиску до трансфер во екипата на Сампдорија, која успешно ја води некогашниот селектор на Србија, Синиша Михајловиќ.

Италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот 33-годишен напаѓач, кој моментно игра за Евертон, присуствувал на првенствената победа на Сампдорија над Емполи во неделата (1-0) и дека формално се сретнал со раководството на клубот од Џенова.
„Единствена пречка е платата на Самуел. Сепак, јас сум оптимист и ќе продолжиме да работиме на тоа“, изјави Клаудио Вигорели, агентот на Ето, за италијанскиот спортски дневник „Газета дело спорт“.
Камерунецот наводно барал два милиони евра во наредните две и пол години, додека Сампдорија нуди 1,5 милион.
Ето, кој во текот на успешната кариера играше уште за: Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер, Анжи и Челзи, е четирикратен освојувач на наградата за африкански фудбалер на годината.
По 18 одиграни кола во Серија А, Сампдорија го зазема петтото место на табелата, само со еден бод помалку од третопласираниот Лацио на позицијата која води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести