03.8.2018 Фудбалот е магичен, „бубамарата“ го спаси Ричарлисон
Бразилскиот ас Ричарлисон Де Андраде потпиша договор со Евертон вреден 45 милиони фунти, а вели дека е среќен што комплетно му се посветил на фудбалот, спорт кој го спасил од затвор, а веројатно и од смрт
Ричарлисон во изјава за бразилските медиуми вели дека голем дел од неговите пријатели и другари од детството се во затвор, или се мртви.
„Бев обичен бандит и ми велеа дека не вредам ништо. Среќен сум што успеав да го избегнам тој пат, што сигурно ќе ме одведеше во затвор, а можеби и ќе бев мртов. Фудбалот ме спаси и благодарение на бубамарата стасав и до Премиерлигата во Англија“, вели Ричарлисон.