Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Англиската треска почнува: Сити – Челзи во битка за првиот трофеј

Денеска од 16 часот овие два тима ќе играат за Комјунити Шилд пехарот

Стартот на новата сезона во Англија традиционално се најавува со мечот во Комјунити Шилд. Челзи како актуелен освојувач на ФА Купот, ќе игра против шампионот Манчестер Сити на „Вембли“, денеска од 16 часот. 
Сити беше доминантен тим во Премиерлигата од лани, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола најавува дека очекува истото темпо да биде продолжено и сега. Ријад Марез кој којде од Лестер за 60 милиони фунти треба да дебитира за Сити. 
„Ќе биде добар меч. Челзи секогаш е квалитетен противник“, вели Гвардиола. 
На клупата на Челзи за прв пат во официјален меч ќе биде Маурицио Сари. Италијанскиот стратег летово дојде на „Стемфорд Бриџ“ на местото на неговиот сонародник Антонио Конте. Сари верува дека ќе започне со трофеј во англискиот фудбал. 
ФАКТИ
На последните шест дуели на овие две екипи, Сити и Челзи имаат по три победи. Последен пат одиграле нерешено во јануари 2015 година. 
Челзи ќе се обиде да стигне до првиот трофеј во ова натпреварување по пауза од девет години. Последен пат се радуваа во 2009 година, кога на пенали го победија Манчестер Јунајтед.
Сити се нема радувано од 2012 година, кога со 3:2 го победи токму денешниот противник Челзи.

Најнови вести