Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2018

Алардајс доби отказ од Евертон

Евертон се наоѓаше на 13-тото место на табелата кога Алардајс ја презеде екипата, а сезоната во Премиер лигата ја заврши на осмата позиција.

Сем Алардајс, тренерот на фудбалерите на Евертон, го напушти местото по шест месеци во клубот, денес пренесоа британските медиуми.
Алардајс го презеде Евертон по отказот на Роналд Куман и тогаш потпиша договор до јуни 2019 година.
Евертон се наоѓаше на 13-тото место на табелата кога Алардајс ја презеде екипата, а сезоната во Премиер лигата ја заврши на осмата позиција.
Алардајс беше критикуван од навивачите поради начинот на којшто ја водеше екипата и стилот на игра на Евертон.
Британските медиуми како главен кандидат за нов тренер на Евертон го наведоа Марко Силва, а се споменува и Пауло Фонсека од Шахтар.

Најнови вести