Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2018

Ришарлисон најскап во историјата на Евертон

Бразилецот Ришарлисон ги помина медицинските тестови во Евертон и прашање е кога ливерпулскиот тим официјално ќе го потврди трансферот, пренесува британскиот „Скај спортс“.

Претходно беше објавено дека оштетата за трансферот на 21-годишниот бразилски офанзивен играч е 56 милиони евра, а неодамнешниот играч на Ватфорд со тоа ќе стане прво засилување на „карамелите“ во досегашниот дел од преодниот рок.
Ришарлисон во претходната сезона на 41 натпревар за Ватфорд постигна пет гола.
Бразилецот на тој начин ќе стане најскапо платен играч во историјата на Евертон, а рекордот досега го држеше Гилфи Сигурдсон.
Евертон веќе значително се засили во зимскиот преоден рок, кога во тимот дојдоа Џенк Тосун и Тео Волкот.

Најнови вести