Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2018

Конте по слабите резултати: Давам сè од себе

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека не чувствува притисок по убедливиот пораз од Ватфорд (4-1) и додаде дека не знае зошто би чувствувал притисок.

„Мојата позиција? Ништо не се промени. Останувам овде, ќе се обидам да работам како досега – да дадам сè од себе. Притисок? Каков притисок? Кој е притисокот?“, изјави Конте по натпреварот.
Актуелниот шампион е поразен по шести пат во сезоната, а прв пат од „стршните“ по 18 години, па сега го зазема четвртото место на табелата на Премиер лигата со 50 бода, само со еден повеќе од петтопласираниот Тотенхем, односно дури 18 помалку од лидерот Челзи.
„Зафатен сум и тоа е доволно, тоа е во ред. Давам сè од себе за овој клуб. Во спротивно, клубот ќе мора да донесе поинаква одлука“, додаде Конте цинично бидејќи не доби официјална поддршка од клубот дека работата му е сигурна, која ја побара непосредно пред дуелот на „Викариџ роуд“.
На Италијанецот му останува уште година и пол од договорот.
„Мислам дека го даваме максимумот за клубот, исто така, верувам дека челниците имаат разбирање за нашите напори. Од друга страна, ако клубот сака да ми понуди нов договор, ќе разговараме, зошто да не?“, изјави Италијанецот.

Најнови вести