Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2014

Челзи без Ето против Кристал палас и ПСЖ

Напаѓачот на Челзи, Самуел Ето, најверојатно нема да игра на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, како и на денешниот дуел против Кристал палас.

Менаџерот на лондонскиот тим, Жозе Мурињо, на прес конференцијата пред денешниот премиерлигашки натпревар истакна дека најверојатно нема да може да смета на Камерунецот ниту за дуелот против ПСЖ во среда.
Ето го повреди коленото минатиот викенд на натпреварот со Арсенал, поради што ќе го пропушти денешниот меч против Кристал палас.
Првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите меѓу Челзи и ПСЖ се игра на „Паркот на принцовите“ во Париз во среда, а реваншот е шест дена подоцна во Лондон.

Најнови вести