Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2014

Претседателот на Бастија во затвор

Пјер-Мари Жероними, претседателот на францускиот прволигаш Бастија, е приведен под сомнение дека се занимавал со финансиски малверзации.

Истрагата се обидува да утврди дали до воочените неправилности во финансиското работење на Бастија дошло кога се реновирал теренот на младите фудбалери на клубот.
„Сумата која ја исплатил клубот на добавувачите целосно е оправдана“, соопшти францускиот клуб.
Францускиот фудбал во последно време го потресуваат скандали, полицијата приведе неколку видни луѓе на Лига 1 во врска со трансферот на Андреј-Пјер Жињак во Марсеј во 2010 година, како и под сомнение дека имало наместени натпревари во втората лига.

Најнови вести