Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2018

Фетел победи во Бахреин

Себастијан Фетел, возачот на Ферари, победи во трката на Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Себастијан Фетел ја оствари 49-тата победа во кариерата, а втора последователна во шампионатот, откако триумфираше во првата трка во Австралија.
Второто место го зазеде Валтери Ботас од Мерцедес, а третото неговиот клупски колега, светскиот шампион Луис Хамилтон, кој стартуваше од деветтото место.
Пјер Гасли, возачот на екипата на Торо Росо и дебитант во Формула 1, го зазеде четвртото место, петти беше Кевин Магнусен од Хас, а шести Нико Хилкенберг од Рено.
На седмото и на осмото место се пласираа возачите на Мекларен, Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн, а бодови освоија уште Маркус Ериксон, возачот на Заубер, и Естебан Окон од Форс Индија.
Наредната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози на 15-ти април за Големата награда на Кина.

Најнови вести