Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2018

Трампа во Ф1: Раиконен ќе вози за Заубер, младиот Леклер нов партнер на Фетел

Искусниот Финец одлучи да го напушти Ферари, следната сезона ќе се врати во тимот каде што ја започна кариерата во Формула 1.

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, одлучи повторно да го напушти италијанскиот тим, а од следната сезона ќе вози за тимот кој му ги отвори вратите во Формула 1, Заубер. Триесет и осугодишниот Финец ќе ја извози четвртата сезона во Ферари по неговото враќање, откако во 2009 година го напушти и го смени болидот на Ф1 со оној за рели-трки.

Возачот кој ќе пристигне на негово место ќе има голема задача да ја пополни празнината која ќе ја остави искусниот возач, а доаѓа токму од тимот на Заубер. Дваесетгодишниот Французин Шарл Леклер ќе му би партнер на Себастијан Фетел од сезоната 2019.

Раиконен е последниот возач на Ферари кој ја освои светската шампионска титула, тоа беше во сезоната 2017.

Најнови вести