Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Ф1 ги ажурира болидите: Дополнителни фарови за подобра прегледност

Од сезоната 2019 болидите ќе имаат дополнителни задни светла со цел да се избегнат судири при неповолни временски услови

Раководствата на тимовите на Ф1 го одобрија планот за воведување дополнителни светлосни сигнали на болидите за следната сезона. Болидите ќе имаат странични ЛЕД фарови на задниот дел со цел возачите да имаат подобра прегледност кога трките ќе се возат во неповолни временски услови. 

Функционалноста на светлата е веќе тестирана од страна на Луис Хамилтон по Гран прито во Шпанија и доби позитивни критики за време на последниот технички регулаторен состанок, додека предлогот допрва треба да биде изгласан за фаровите да бидат задолжителни во новата сезона.

Ваквите видови ЛЕД светла не се новитет во светот на моторспортот и тие веќе се користат во Светското првенство на издржливост.

Најнови вести